На 23.08.2026 во 03:40 часот во СВР Битола, 18-годишна девојка од Битола пријавила дека во ноќен клуб на ул. „Партизанска” во Битола била физички нападната од поранешното момче на возраст од 18 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.08.2026 во 23:03 часот на ул. „Јорго Османо“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т.К. (57) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.К., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.08.2026 во 18:50 часот на крстосница од ул. „Партизанска” и ул.„Македонска фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 34 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и ги попречувал полициските службеници при вршење на службени дејствија. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






