Press "Enter" to skip to content

Заврши годинашниот “Битфест“ последен настан концертот на “Фолтин“

Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на групата „Фолтин“ од Битола синоќа заврши годинашното битолски културно лето „Бит Фест“.

Некои градови имаат публика, а Битола има соучесници, беше пораката на групата „Фолтин“, што синоќа само се потврди под отворено небо во „Хераклеја“.-Од неколкумина љубопитни до генерации луѓе што ги знаат песните наизуст“ истакнаа од групата заблагодарувајќи се за како што велат, честа токму нивниот концерт да биде завршниот акорд на „Бит Фест 2026“, соопштија од Општина Битола и додаваат:

-“Бит Фест“ е фестивал кој ги обединува сите генерации, со програма креирана за секоја генерација од најмладите до највозрасните. И оваа година на програмата беа традиционалните манифестации кои се дел од годишната програма за култура, како „ Битола отворен град“, „Илинденски денови“, „Солстис“, „Локум фест“, „Бела ноќ на Широк Сокак“, „Незаборав“, а од годинава за прв пат и фестивалот „Битолски чалгиски денови“ каде звукот на чалгијата и радоста одекнаа од Старата чаршија.

-Интересот и присутноста на публиката на секој настан, големите аплаузи беа награда за уметниците, но и за Културниот и информативен центар кој за првпат  годинава го реализираше овој фестивал со поддршка на Општина Битола.

More from КултураMore posts in Култура »