Press "Enter" to skip to content

Прв училишен ден и свечен прием на првачиња во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола (фотогалерија)

Денес, 1 септември, училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна 2026/2027 година. По долгите летни денови, училишните дворови повторно се исполнија со весел џагор, насмеани лица и возбудени ученици. Се врати детската смеа, се сретнаа старите другарства, а ходниците повторно оживеаја.

Летниот распуст, како и секогаш, за учениците помина во миг. Со себе тие донесоа безброј нови спомени, доживувања и приказни кои денес со радост ќе ги споделат со своите другарчиња. Но, првиот училишен ден е особено посебен за оние кои за првпат го преминуваат училишниот праг – првачињата.   Кај некои од нив имаше радост и љубопитност, кај други трошка страв, срам или по некоја солза. А зад секое детско лице стоеше уште едно, можеби и повозбудено – лицето на мама и тато.Во ОУ „Кирил и Методиј“ во Битола, денешниот ден беше исполнет со посебна возбуда и многу емоции. Со свечен прием и пригодна приредба ги пречекаа своите најмили ученици, првачињата со нивните родители и најблиски. Малите првачиња,  за првпат зачекорија во светот на училиштето.Директорката Жанета Тошеска се обрати и им посака топло добредојде на сите и  успешна учебна  година.Наставничката која води прво одделение Лидија Поповска после прозивањето на своите ученици се упати во своjата училница да се запознае со своите првачиња и нивните родители.За родителите, првиот училишен ден на нивното дете е момент кој се памети засекогаш. Ден кога нивното мало дете прави уште еден голем чекор кон растењето, учењето и освојувањето на светот.И така, со малку трема, многу насмевки, прегратки и детска искреност, започна едно ново поглавје.За другите ученици кои започнаа на училиште, беше ден за раскажување на доживувања од летниот распуст. Повторно видување со своите соученици и наставници.Насекаде низ училиштето  насмеани лица без оглед и што денес мораа да станат рано.Учениците од  од предметна настава, чекореа возбудено низ училиштето сигурни во себе.-Овој ден е секогаш полн со емоции кога се гледаме после летото и сите си го честитаме почетокот на учебната година која кај сите буди изпомешани емоции, ни изјавија класните раководители  кои го одржаа класниот час и ги поздравија своите ученици.

Во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Битола и подрачното училиште во Логоварди оваа година своето образование го започнаа  24  првачиња.Нека учебната 2026/2027 година биде исполнета со знаење, другарства, успеси, убави моменти и спомени кои ќе се раскажуваат уште долго. А за најмалите и најмили – нека ова биде почеток на едно прекрасно училишно патување!

Ж.Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »