На 31.08.2026 во 13:45 часот во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер на возраст од 24 години од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.08.2026 во 01:00 часот во СВР Битола, С.Ф. (38) од Битола пријавила дека на работното место во угостителски објект во Битола била физички нападната од нејзината колешка . Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.08.2026 во 19:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.И. (28) од Германија затоа што при преглед кај него била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2026 во 12:15 часот во СВР Битола било пријавено дека во двор на Клиничка болница Битола пронајдено е починат Ј.И. (39) од Струмица. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а јавен Обвинител нареди да се изврши обдукција врз телото на починатиот. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






