Press "Enter" to skip to content

Изложба “Avanti grafika! 5#“ во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)

Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола вечерва беше отворена изложбата насловена “Avanti grafika! 5#“ која е пренесена во Битола, а е организирана од Друштвото на ликовните уметници од Лубљана, во рамките на 33. Меѓународно графичко биенале во Лубљана.“Avanti grafika! 5#“ претставува значаен проект во кој најафирмативно и во контекст на светска промоција и на неа беше претставено македонското графичко творештво на сите генерации на современи автори од Македонија. Изложбата е една од најпрестижните светски манифестации – Меѓународното графичко биенале во Љубљана и таму беше потенцирано и исклучително обележано македонското ликовно творештво, а секако имаше и индивидуалното претставување.Галеристот д-р Драган Ристевски на отворањето рече:

-Современата графика во Република Македонија во својот осум децениски континуитет претставува препознатлив ликовен медиум во национални и меѓународни рамки. Тоа пред се се темели на вековната македонска сликарска традиција надградена со современите графички трендови. Првите повоени генерации сликари – графичари школувани во поголемите угословенски центри, како Белград, Загреб и Лубльана, го поставија фундаментот на графичката уметност со сите незини техники и медиуми, така што денес современата македонска графика доследно и сигурно, со оригинална иновативност ги следи актуелните светски трендови и интердисциплинарни стилови. Во оваа смисла, своевиден репер за развојот на нашата графичка култура претставува шестдецениското постоење на Југословенското графичко триенале, а денес препознато во Меѓународното графичко триенале во Битола, предводено од уметничкиот директор Владо Горески. Како еден од основачите на Битолското триенале беше и академскиот сликар и графичар Ранко Струмениковски (1936 – 2000) ко е патрон на Галеријата каде се приредува оваа мошне значана и вредна изложба на графички дела.На изложбата застапени се уметниците Драгутин Аврамовски – Гуте (1931 – 1988), преку Димче Николов (1953 – 1998) до средната генерација претставена од Владо Ѓорески (1958) и помладите уметници, Петра Јовановска (1972), Славица Јанешлиева (1973), Ана Јовановска (1991) и Ана Спасова (1996) школувани на Факултетот за ликовна уметност во Скопе, како и Зоран Мише (1984) образуван во Софија.

Тие пред ликовната публика се претставуваат со богата палета на дела со индивидуална препознатливост и оригиналност презентирани во техники како линорез, потоа, акватинта, фотографија, сува игла и бакропис, до рачно изготвена хартија комбинирана со дигитални интервенции, па се до чиста, дигитална графика.Професорот Миле Атанасовски од СОУ “Таки Даскало“ од Битола на отворањето на изложбата рече:

Со инспирацијата од делата на Хозо имаме особена чест и ретка привилегија да се собереме пред една извонредна колекција коа ja сведочи виталноста и длабочината на македонската графичка уметност. Пред нас се творбите на осум значајни автори. Во современата македонска графика, техниката никогаш не е само занаетчиски алат или самоцелна вештина – таа е самата суштина на идеата, емоцијата и инспирацијата. Низ делата на овие значани автори, материјалот и постапката свесно се избираат за да ja донесат пораката до гледачот. Со оваа изложба битолската ликовна публика има ексклузивна можност Друштвото на ликовните уметници од Љублана, Словенија, во организација на “Avanti grafika! 5#“ да биде презентирана во Битола во Галерија и музеј “Ранко Струмениковски“ што претставува своевидно признание за домаќините и организаторите на овој уметнички настан.Инаку, графиката е медиум на тишина, но и на експлозивна мисла. Таа бара стрпливост, мајсторство, дисциплина и прецизност, но пред cè – суштински дијалог меѓу материјалот и духот. Во современата македонска графика, техниката никогаш не е само занаетчиски алат или самоцелна вештина – таа е самата суштина на идеата, емоцијата и инспирацијата.

Ж. Ристевска

Фото: С. Ристевски

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1701581908347295&set=pcb.1701582401680579

More from КултураMore posts in Култура »