На 03.09.2026 во 04:20 часот на ул.„Таку Димитровски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.Ј. (21) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.09.2026 во 00.15 часот во СВР Битола, Х.Г. од Битола пријавила дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од повозрасно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.09.2026 во Полициското одделение Новаци било пријавено дека во близина на фармите на ЗК-Пелагонија во атар на с.Логоварди, битолско, била пронајдена стара алтилериска неексплодирана граната од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.






