Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ поразена од Вардар на отворањето на сезоната

Вардар – Еурофарм Пелистер 2 31:19 (18:9)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола е поразена во првото коло во Супер лигата од тимот нс Вардар со резултат 31:19, полувреме 

Тимот на Иван Чупиќ имаа контрола на резултатот целиот натпревар и во ниту еден наврат не му дозволија на помладиот гостин од Битола да се надева дека може да изненади во СЦ „Јане Сандански“.

Еурофарм Пелистер 2 добро го отвори натпреварот и во почетните минути беше рамноправен со фаворитот. Во осмата минута резултатот беше 4:4, а гостите од Битола не му дозволуваа на Вардар резултатски да се одлепи. Вардар со неколку лесни погодоци почнаа да ја градат предноста. Вардар поведе со 8:4, но пелистерци не се предадоа и во 16. минута се доближија на 9:7. Следуваше серија од 4:0 на домашниот тим, за 13:7. Вардар го затвори првиот дел со нова серија од 4:0 и на паузата замина со 18:9.

Вардар дојде во второто полувреме до највисоките 23:10, а со серија од 4:0 “пелистерци“ кои намалија на 23:14, а Вардар заврши со 31:19.

Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Кристијан Симоновски со четири постигнати гола.

Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 ќе му биде домаќин на Алкалоид.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »