Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со бод се враќа во Битола од Охрид по ремито покрај езеро (фотогалерија)

Охрид – Еурофарм Пелистер 28:28 (13:14)

Дерби натпреварор во Охрид помеѓу истоимената екипа Охрид и Еурофарм Пелистер на стартот на новата ракометна сезона 2026/27 заврши без победник, откако битолчани израмнија во последната секунда си голот на Петар Атансијевиќ. Натреварот го одбелажа и полна сала, одлично навивање на двете навивачки групи, ракомет во кој актерите воопшто не се штедеа 60 минути. Охрид имаше гол за победа преку Мате со 28:27 на триесетина секунди до крајот, а “пелистерци“  успеаја да погодат во последната секунда за голем бод од тешкото гостување, а Еурофарм Пелистер имаше водство во поголемиот дел од натпреварот.Еурофарм Пелистер одлично започнаа и во 15. минута поведоа со 6:8, но охриѓани брзо се вратија и со пресврт стигнаа до предност од 11:10. Следуваше серија од 3:0 на битолскиот тим за водство од 11:13. Охрид израмни на 13:13, а последниот погодок во првото полувреме го постигна Ник Хенингман за 13:14.Во истиот стил запошна и второто полувреме Еурофарм Пелистер за брзо имаше +2 и водство 13:15. Потоа од негатива од два гола Охрид поведе со 18:16, најавувајќи пресврт, но двете екипи играа гол за гол и не успеаја да се одлепат барем на неколку минути.Во последните 10 минути од мечот силите се израмнети, Еурофарм Пелистер шанса за редност и неколку исклучувања и на терен имаше по четири ракометари.Во 52 минута со два играчи помалку на терен домаќините Лино Червар побара минута одмор за да ја договори тактиката за играње. Во отсуство на Кузмановски кој беше исклушен Кајалџиоски, направи техничка грешка и Охрид забележа водство, 25:24.“Пелистерци“ во 56. минута  во контра преку Атанасијевиќ дојдоа во водство, 25:26, а потпа Охрид од пенал израмни на 26:26, а потоа беше и 27:27.  По тајм-аутот на Червар на 90 секунди до крајот, неговиот им промаши и Мате казни за 28:27.Пелистер имаше триесетина секунди за бод, а во последната акција топката стигна до Петар Атанасијевиќ кој во послената секунда успеа да погоди за реми во Охрид и поделба на бодовите.Во тимот на Еурофарм Пелистер најефикасен капитенот Кузмановски со десет погодоци, додека Петар Атанасијевиќ даде осум гола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогарија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1704803371358482&set=pcb.1704804418025044

More from СпортMore posts in Спорт »