Press "Enter" to skip to content

“Плодност“ единствена болница во Македонија која воведе интегрирана психолошка поддршка за зачувување на менталното здравје кај мајките

Болница “Плодност“ од Битола е единствената болница во Република Македонија, која воведе интегрирана психолошка поддршка во гинекологијата и акушерството и води грижа за зачувување на менталното здравје на мајките.

Според проф. д-р Љупчо Кеверески, болницата “Плодност“ претставува уникатен пример како на еден иновативен начин се води грижа за зачувување на менталното здравје на мајките, а тоа значи дека прва сигнализира за респектирање и развој на психолошкиот имунитет на жената.

Кеверески додава дека болницата дава максимална поддршка во процесот на превенција во текот на пред бременоста, и самиот чин на бременост, раѓањето, а посебно во пост породилното закрепнување и адаптацијата на жените.Проф. д-р Љупчо Кеверески потенцира дека болницата “Плодност“ тоа го прави на интегриран начин, во соработка со интердисциплинарен тим, што се однесува исклучиво за областа во гинекологијата и акушерството и репродуктивното здравје на младите. Со ова се докажува дека оваа болница е првата на овие простори којашто директно се вклучува во психолошката поддршка на менталното здравје, чувството на благосостојба и превенција на разни емоционални и други проблеми. Но, посебен акцент на овој модел е зајакнување на емоционалната интелигенција, самомотивација, социјалните вештини а посебно за емпатијата, кога станува збор за односот на мајката со детето, родителските стилови, предбрачните проблеми, што се јавуваат во процесот пред доаѓањето на свет на новороденчето и адаптација на целокупната семејна динамика.

Според проф. д-р Љупчо Кеверески, оправдано, големо значење му се дава на физичкото здравје, но, од друга страна, понекогаш, поединецот заборава дека од исклучително значење е менталното здравје бидејќи емоционалната интелигенција учествува со 80 проценти во однос на успехот и емоционалната адаптација и психолошката благосостојба.

More from ВестиMore posts in Вести »