Press "Enter" to skip to content

“Кромберг и Шуберт“ – Битола ги додели стипендиите на студенти од УКЛО Битола

Традиционално по 8-ми пат, компанијата “Кромберг и Шуберт’ – Битола ги додели стипендиите на студентите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола.

Теодор Трајановски е овогодинешниот нов студент, добитник на стипендија за академската година 2026/2027. Тој ги исполни критериумите и се приклучи на нашата стипендиска програма.Останатите четири студенти на кои зслужно им се продолжи стипентијата се: Катерина Николовска, Дарко Талевски, Никола Најдовски и Андреј Баковски.

На свеченото доделување на стипендиите беа присутни и претставници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Игор Неделковски – Ректор, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска – Директор на Центарот за кариера, д-р Гоце Марковски – Советник за кариера, Алумни и доживотно учење и Даниела Андоновска Крстанова – Виш соработник за кариера, Алумни и доживотно учење.-Им честитаме на успехот и им посакуваме во иднина да продолжат да ги реализираат своите соништа, за кои потврдија дека се темелат врз вистински вредности и препознавање на можностите. Голема благодарност до Ректорот и Професорите при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола за сите години успешна соработка. Се надеваме дека истата непречено ќе продолжи во иднина. Сите млади треба да се стремат кон добро образование, кое е клучот за успешна и светла иднина. Само на тој начин можеме да очекуваме професионалци во сите области, кои ќе ја носат својата земја кон нови височини и ќе создаваат иновации што го менуваат светот, соопштија од “Кромберг и Шуберт“ – Битола