Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележани 84 години од загинувањето на народниот херој Стив Наумов

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ. Свежо цвеќе положија и претставници на Советот на Општина Битола, Сојузот на борци од Битола, претставници на политички партии, семејството и роднини, здруженија, граѓани, како директорот и ученици од ОУ “Стив Наумов“.

Песна за херојот Стив Наумов исполни хорот на ОУ „Стив Наумов“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »