Денес, понеделник, 14 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, вторник, 15 август, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 27 степени.






