
Самуиловата држава, како што претходно кажавме, дури и по единаесет векови во себе крие премногу загатки и обиди за разгатки. Старите и средновековните историски извори не ги дадоа потребните одговори и разјаснувања што се случувало на крајот од 10. и почетокот на 11. век, а современите историографски истражувања и напластувања врз романтични и национални потходи и размирици, во голема мерка на историјата и прават “мечкина услуга“. Времето, допрва со својата ефемерност, ќе не оддалечува од вистините и вистинските одговори – чиј беше Самуил и комитопулите.

5. Како настанала Самуиловата држава?
Коренот бил во Првото бугарско царство. Во периодот од 968 до 971 година, Бугарија доживува тешка криза. Киевскиот кнез Свјатослав навлегува на Балканот, а византискиот император Јован Цимискиј во 971 година го освојува Преслав и го ликвидира источниот центар на бугарската држава. Во западните области, меѓутоа, останува моќна локална власт на четвоицата Комитопули- Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, синовите на комитот Никола. Не може со сигурност да се каже дека во 969 била создадена некаква посебна ,, македонска држава“ одвоена од Бугарија. Современите извори не го потврдуваат тоа и затоа постои сериозна историографска расправа дали Комитопулите уште во 969 година се осамостоиле или вистинското отфрлање на византиската власт се случило 976 година по смртта на Цимискиј (Антолјак ја преферира 969 година).
Во 976 година, по смртта на Цимискиј, избувнува голема побуна против Византија. Комитопулите ( браќата) ја преземаат иницијативата, а постепено Самуил станал главна политичка и воена фигура. Подоцна, по смртта на Давид, Мојсеј и Арон, Самуил останува единствен владетел и во 997 година ја презема царската титула. Која била територијата? Во почетното јадро на Самуиловата власт бил југозападниот дел на Балканот- Преспа, Охрид, Битолско, Пелагонија, Костурско, Воденско, делови на денешна Албанија и постепено Скопската област. Оособено значајни стануваат Преспа и Охрид, кој подоцна станува престолнина и голем духовен центар на државата. Со втората слика ( јадро), Самуил се шири и во последните децении од 10. век државата драматично сде проширила. Кон север стасува до Дунав и внатрешноста на Балканот, на запад до Јадранско море, на југ длабоко во Грција и на исток кон областите на старата бугарска држава. Во еден момент, неговата власт опфаќа огромен дел од Балканот, бидејќи историските извори неговото проширување го опишуваат кон српските земји, Хрватска и грчките области.
Но, после братоубиствата, клучниот момент е од 1.000-та до 1018 годин. Василиј Втори постепено ги враќа источните бугарски области. А во 1018 година, по четиридецениски опстој, конечно ја уништува Самуиловата држава.
6. Кој народ живеел во Самуиловата држава?
Веднаш да напоменам дека мораме да бидеме внимателни со синтагмата “етничка структура“. Во 10. – 11. век немало современа национална статистика, ниту пак луѓето нужно се идентификувале според денешните нционални категории. Факт е дека во Самуиловата држава живееле различни словенски и други балкански популации- словенско население во Македонија, Бугари од старото Бугарско царство, Срби во западните и сверозападните области, Грци или ромејско население о јужните и источните области, Власи и други балкански групи.
Политички, државата наследила бугарска државна традиција, бидејќи Комитопулите се појавуваат во политичкиот простор на Првото Бугарско царство. Тоае причината што византиските извори (Јован Сцилица) и Василиј Втори ја третираат како бугарска држава, но далеку од модерна национална смисла. Самите Комитопули, како што кажавме претходно, можеби имале ерменско потекло според ерменскиот историчар Степанос Таронски (Асохик). Дури и современата германска просопографска база ја бележи можната ерменска врска на комитот Никола, нивниот татко. Но, тоа не значи дека Самуиловата држава била ерменска, бидејќи владетелската династија и населението се две различни работи. Како сумар, јадрото било македонско по географија, државната традиција била бугарска, а населението било етнички разновидно. И тука почнува големиот спор- дали Самуиловата држава треба да се нарекува Бугарско царство, Западно Бугарско царство, Македонска средновековна држава или нешто четврто.
Во “Битолскиот натпис“ кој датира од 993 година, се претставува како “Самуил царот на Бугарите“. Тоа е директен извор од неговото време во кој официјално се користела бугарската политичка традиција. Но, постои важна разлика – “цар на Бугарите“ не значи дека сите негови поданици биле етнички Бугари во денешното значење на зборот бидејќи средновековната држава не функционирача врз принципот на модерна национална држава.
Според византиските историчари, особено Јован Скилица, Самуил го ставаат во контекстот на бугарската држава и затоа Василиј Втори во својата пропаганда титуларот го става како “победник над Бугарите“. И уште нешто, по падот во 1018 година Василиј Втори организира Бугарска архиепископија со седиште во Охрид, како продолжение на бугарската традиција.

7. Каде е Македонија во целата приказна?
Македонија во 10. Век постоела како географски простор, но не како модерна национална држава. Самуиловото најсилно јадро било во Западен Балкан/ Преспа- Охрид- Пелагонија- Костур- Западна Македонија. Затоа е сосема оправдано да се каже дека териоторијата на денешна Македонија била главното јадро на Самуиловата држава во нејзиниот развиен период, што не значи дека била македонска во денешна национална смисла, како што и обратно, ако Самуил се нарекувал цар на Бугарите, дека сите жители биле етнички Бугари. Ниту едното, ниту другото не следуваат автоматски. Впрочем, Самуил не создава држава во празен простор. Тој ја наследува и продолжува државната традиција на Првото Бугарско царство, но центарот на неговата мож се преместува на запад, нешто што историски е многу значајно. Охрид станува еден од најважните центри на словенскиот христијански свет. Охридската архиепископија станува еден од најважните центри на словенскиот христијански свет. Впрочем, државата траела четири децении, но Охридската архиепископија, словенската писменост и црковната организација се дел од наследството што продолжило и по 1018 година.

8. Што знаеме за Битола од Самуиловото време?
Ова прашање, плус каде бил Битолскиот средновековен центар и што точно кажува “Битолскиот натпис“, од 1015- 1016 година, тоа е што би се рекло драгоцност со каменот што зборува од самото време, а не хроника напишана со векови подоцна. Битола во последните години од Самоуловатадржава по смртта на Самуил ја водат синот Гаврил Радомир, а по неговото убиство Јован Владислав, син на Арон.
Јован Владислав ја зајакнува битолската тврдина во 1015- 1016 година. За тоа сведочи Битослкиот натпис, кој бил пронајден во 1956 година при рушењето на Чауш- џамија. Во натписот Јован Владислав се претставува како самодржец на Бугарите и дека е Бугарин по род, а истовремено се повикува на својот дедо Никола, на бабата Рипсимија, на татко му Арон и на Самуил. Тој вели дека тврдината ја изградил/ обновил за засолниште и спасение за животот на Бугарите. Со тоа искажал политичка самосвест на владејачката династија. А Битола? Битола не била некаква периферна населба, а во последните години станува важна вона тврдина. Византијците правеле повеќе обиди да ја заземат, но таа останала едно од последните упоришта до самиот крај на државата.
Денес постои дебата за точното датирање и интерпретација н Битолскиот натпис. Традиционално с едатира од 1015- 1016 година како натпис на Јован Владислав. Сепак, дел од поновата историографија предлага подоцнежно датирање и ја оспорува традиционалната интерпретација. Затоа, кога ќе стигнеме до прашањето дали овој натпис е доказ дека Самуловата држава била бугарска, на маса треба да се стават и Самуиловиот натпис од Герман, како и византиските хроники, па да ги спориме. Тогаш ќ се добие поинаква слика од обичната- македонска или бугарска. Само ќе видиме како самите владетели се претставувале, како ги именувале своите поданици и како Византија ја именувала државата.
(продолжува)
Авторот е новинар во пензија со 43 – годишен новинарски стаж.
(Ставовите изнесени во колумните се личен став на авторот и не се ставови на редакцијата на “Битолануз“ и не се одраз на уредувачката политика.)






