Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: четврток, 17 септември, без вода “Ремо“, дел од “В. Карангелевски“ и “Веро“

ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден, 17.09.2026 (четврток), поради дефект на челична водоводна цевка Ф-300, ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ бр. 64 и 85, како и „Веро“.

При санацијата на дефектот можно е оштетување на велосипедската патека. По завршувањето на работите околу санацијата, патеката ќе биде вратена во првобитната состојба.

Прекинот ќе трае од 09:00 ч. до завршување со активностите.
Ви благодариме за разбирањето.

Со почит, ЈКП „Водовод“ – Битолa