Press "Enter" to skip to content

Нови вели патеки во старата касарна и од Дулие до Шехерезада

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска најави продолжување на
проектот Битола-велоград и изградба на нови велосипедски патеки во Битола.

-Досегашните пет километри на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ ги надградуваме со уште над 2 километри велосипедски патеки во поранешната касарна. Од другата страна се работи на проектна документација за изградба на велопатеки од едната страна на улицата „Филип втори Македонски“. Со ова го реализираме ветеното за Битола велоград и се залагаме за поголема мобилност што впрочем беше и една од темите на манифестацијата „Европска недела на мобилност“ што вчера ја организиравме во нашиот
град.

More from ВестиMore posts in Вести »