Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: загина 17 годишна девојка, 7 годишно дете и тројца возрасни тешко повредени кај “Туланата“

Седумнаесет годишна девојкаа го загуби животот, а четири лица меѓу кои 7 годишно дете се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на патот Битола – Прилеп, кај место викано “Туланата“.

Во несреќата, според МВР, учествувале патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф. (28) од с. Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (48) од с. Долно Српци.

На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »