Денес, четврток, 24 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, петок, 25 септември, во Битола, времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 18 степени.






