Press "Enter" to skip to content

Од полноќ дизелот поевтинува 4,5 денари за литар, бензините поскапуваат за денар

Од полноќ, литар дизел  ќе чини 100 денари за литар, односно 4,50 денари помалку. Кај бензините, пак, според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, ќе има нагорна промена од еден денар за литар во однос на цената во изминатите седум дена.

Од РКЕ во соопштението до медиумите велат дека се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто во однос на одлуката од 21.9.2026 година.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е-V) во износ од 10 отсто и е применет намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Така, од 29.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 111,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,882 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат и дека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 денари за килограм.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

More from ВестиMore posts in Вести »