Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора имаше средба со претседателот на Општина Будва Никола Јовановиќ.
Разменија искуства и мислења за можностите за поблиско поврзување на Будва и Битола, при што посебно внимание беше посветено на иницијативата за збратимување на двата града.
Се разговараше за можна соработка во областа на културата, спортот и туризмот, но и за темите кои се однесуваат на инвестиции и развој на локалната економија, како и предизвиците на јавните претпријатија.






