На 03.10.2026 во 08:30 часот на ул. „Караорман” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.Б. (33) од Битола. При преземање на службени дејствија во врска со семејно насилство, тој, заедно со женско лице, ги попречувале полициските службеници, по што И.Б. и физички ги нападнал полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.10.2026 во 11:40 часот во СВР Битола е пријавено дека во с.Магарево, битолско, биле пронајдени две артилериски гранати и една рачна бомба. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола, гранатите се безбедно подигнати и утврдено е дека се работи за артилериски гранати од Првата светска војна и една рачна бомба од Првата светска војна.






