На 05.10.2026 во 09:30 часот во СВР Битола, 53-годишник од Битола пријави дека бил измамен за сума од 90.349 денари. Според пријавеното, на интернет апликација комуницирал со женско лице во врска со вложување на парични средства на берза заради тргување со криптовалути, при што од 16.09 до 28.09.2026 во пет наврати на две различни сметки ги уплатил парите, а подоцна сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.10.2026 во 15:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Могила, општина Могила, И.К. додека извршувал работни задачи за приватна фирма, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид.
На 05.10.2026 во 17:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во двор на ул.„Пецо Божиновски” во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола подигнал една артилериска граната од Првата светска војна.






