Денес, понеделник, 12 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во Битола до 18 степени.
Утре, вторник, 13 октомври, во Битола времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 12 степени.






