Кошаркарите на Пелистер од Битола денес го играат последниот натпревар во второто коло на Суперлигата во Струмица, со истоимениот тим.
Лука Савичевиќ, кошаркарот на Пелистер го најави овој натпревар и рече:
-Атмосферата во тимот е на високо ниво после победата на првиот натпревар од сезоната. Работиме напорно и максимално фокусирано за нашиот следен натпревар против Струмица. Се работи за нов млад тим во Суперлигата, но никако не смее да ги потцениме.
Пелистер во првото коло во Битола го победи тимот на ТФТ Скопје.











