Струмица – Пелистер 84:69
Кошаркарите на Пелистер од Битола се поразени на гостувањето во Струмица од истоимениот тим со резултат 84:69. Ова за тимот на битолчаните ова е прв пораз сезонава, по победата над ТФТ на стартот на шампионатот.
Пелистер добро го започна натпреварот и ја доби првата четвртина со резултат 17:21, но за жал во втората четвртина постигна само 9 кошеви, а прими 26 поени, што можеби беше и одлучувачко во одлуката кој ќе биде победник во овој натпревар. На одмор се отиде со резултат 43:30.
Пелистер проба да се врати во игра во третата чет ртока, која ја доби со 15:25. Последната четртина им припадна на струмичани со резултат 26:18, за конечни 84:69.
Во тимот на Пелистер најефикасен беше Димитриев со 18 поени.









