Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денес оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Република Македонија Н.Е. Ирена Гетцова.
-Во срдечен разговор ја запознав со историјата на градот, нејзината култура, традиција, економските потенцијал и туризмот. Разговаравме за продлабочување и интензивирање на соработката и на економски и на културен план. Чешка како земја членка на ЕУ ја поддржува Македонија на нејзината интеграцијата во европското семејство. Една од темите на разговор беше и можноста за збратимување на Битола со град од Чешка, објави градоначалникот Коњановски.






