Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 31:31 (19:15)
Денес во Битола младинците на Еурофарм Пелистер 2 одиграа првенствен натпревар полн со пресврти, емоции и неизвесност до последниот свиреж, а крајниот резултат беше изедначен 31:31.
Младиот тим беше предводен од тренерскиот тандем Фарук Мемиќ и Васко Димитровски, а за самиот натпревар Мемиќ рече:
-Нашите младинци одлично го одиграа првото полувреме и на пауза заминаа со предност од 19:15. Во вториот дел следуваше жестока борба, а гостите од Бутел успеаа да се вратат во игра. Најдрамитно беше во завршницата на натпреварот, односно последните моменти, кога со гол во напад постогнавме гол за реми.
Фантастична партија на голманот на домаќините, Мелин Фехми, кој со серија одлични интервенции беше вистински бедем меѓу стативите и еден од назаслужните за освоениот бод.
Во тимот на Еурофарм Пелисер 2 настапија: Фехми Мелин, Лука Кочанов, Томислав Кебаковски, Павел Веліановски, Тео Спировски 2, Стефан Лазаревски 2, Михаил Горазд 1, Антонио Илиевски, Лован Мацанковски, Боан Бочевски, Давид Колтевски, Иван Младенов, Андре Дамчевски 12, Андре Георгиев 6, Стефан Василевски 2, Лован Симоновски 6.
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1755561276282691&set=pcb.1755562379615914










