Press "Enter" to skip to content

Пелистер после пресврт и подобра завршница го победи Скопје во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Скопје 101:94

Вечерва во Битола екипата на Пелистер стигна до втората победа во македонската Суперлига, откако славеше во ефикасната пресметка со актуелниот вицешампион Скопје со 101:94, во натпревар со многу пресврти, а “пелистерци“ дојдоа до победа со одлучувачки поени во клучните моменти кога се решаваше натпреварот.

На отворањето на натпреварот Скопје покажа дека нема намера лесно да се предаде, а гостите ја добија првата четвртина со 19:26. Во вториот период стигнаа и до нависоките дотогаш 13 поени предност (19:32). Пелистер ја намали разликата пред заминувањето на одмор, па на полувремето се отиде со разлика во корист на Скопје од +6 (42:48).

Продолжението на натпреварот, односно на стартот на третата четвртина Пелистер со серија добри напади успеа да направи пресврт, поведувајки со 57:54. Но, Скопје резултатски се врати повторно, а во завршницата од третата четвртина имаше водство од 67:72.Во завршните десет минути следуваше вистинска драма. Пелистер постепено ja намалуваше разликата, се доближи на само еден поен негатива (75:76), а од друга страна Скопје се обидуваше да ја задржи предноста. Кошаркарите на Пелистер не се откажаа од победата и со неколку поени влегоа во неизвесна завршница.

На само 5 минути до крајот изедначија и поведоа, а надобрите поединци го решија натпреварот. Вилсон погоди во важен момент, Самарџивски со офанзивни скокови, Кочовик jа презеде одговорноста и со нови поени го однесе Пелистер кон победа и ја запечати победата со кошеви од игра и од слободни фрлања.

Најефикасен кај Пелистер беше Кочовиќ 31 поен, следува Вилсон со 19 поени и пет асистенции, Денинг постигна 18 поени и имаше пет скока, додека Димитриев придонесе со 11 поени и пет скока.

Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1755739332931552&set=pcb.1755741416264677