Здружението на Македонците по потекло од Албанија – “ЗОШТО“ и Општина Новаци, предводена од градоначалникот Стевче Стевановски, склучија Меморандум за соработка со цел воспоставување и унапредување на меѓусебните партнерски односи.
-Со овој меморандум се отвораат нови можности за заеднички активности и проекти во областа на културата, образованието, младинската соработка, зачувувањето на македонскиот јазик, традицијата и културното наследство, како и промоцијата на туристичките и развојните потенцијали. Посебен акцент ќе биде ставен на поврзувањето на Македонците по потекло од Албанија со институциите и локалните заедници во Македонија, создавајќи нови можности за соработка, размена на искуства и заеднички иницијативи, рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.






