Press "Enter" to skip to content

Регионалната комора организираше презентација на компанијата “RES – Renewable Energy Supply“ за батериските системи за складирање електрична енергија (фотогалерија)

Денес во конгресната сала на ресторанот “Лозар“ во Битола регионалната комора со седиште во Битола во рамките на вториот ден од активностите на овогодишниот “Форум Пелагонија Преспа 2026“ ја организираше презентација на компанијата “Фероинвест“.Претставник на “Фероинвест“ проф. д-р Кочо Анѓушев стопанствениците од Битола, Прилеп и регионот ги запознаа присутните компании со својата дејност и услугите во областа на трговијата и снабдувањето со електрична енергија, можностите за снабдување од обновливи извори, како и потенцијалите за оптимизација и намалување на трошоците за електрична енергија во деловното работење.Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, се осврна на тоа дека Битола и Пелагонискиот регион имаат значителен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено соларната енергија, благодарение на природните услови, постојната енергетска инфраструктура и долгогодишното искуство во енергетиката.-Сепак, најголемиот предизвик е зависноста на локалната економија од РЕК “Битола“ и потребата од постепена диверзификација. Покрај РЕК, во регионот функционираат компании од земјоделството, прехранбената индустрија, металопреработувачкиот сектор, трговијата и производството, но потребно е нивно понатамошно јакнење и отворање нови инвестициски можности. Претприемачката култура во Битола има традиција и потенцијал, но потребни се повеќе иновативни бизниси, технолошки инвестиции и подобро поврзување на компаниите со младите и образовните институции, рече Велевски и додаде:-Локалните компании веќе имаат одредено учество во развојот на обновливите извори на енергија, особено преку инсталирање фотоволтаични системи на производствени и деловни објекти, електроинсталациски работи, градежни услуги и одржување. Сепак, нивното учество во поголемите енергетски инвестиции сè уште не е доволно развиено.-Потребно е локалните компании да бидат повеќе вклучени како подизведувачи и добавувачи, преку транспарентни тендерски постапки, партнерства со инвеститорите и развој на потребните технички компетенции.Како претставник на “Фероинвест“, Анѓушев ги претстави современите решенија што им овозможуваат на компаниите поефикасно управување со потрошувачката на електрична енергија, намалување на енергетските трошоци и поголема предвидливост во работењето.Претставник на “Фероинвест“, Анѓушев имаше и презентација на батериските системи за складирање електрична енергија (BESS). Посебен акцент беше ставен на батериските системи за складирање електрична енергија (BESS), кои стануваат сè позначаен дел од современиот електроенергетски систем, особено со зголеменото производство од обновливи извори.-Батериските системи овозможуваат електричната енергија да се складира во периодите кога нејзината цена е пониска, а да се користи во часовите кога цената на пазарот е повисока. На овој начин индустриските капацитети можат значително да ги оптимизираат трошоците за електрична енергија и подобро да ја планираат својата потрошувачка, објасни Анѓушев.За компаниите што веќе располагаат со сопствени фотонапонски електрани, батериските системи овозможуваат поголема искористеност на произведената енергија, намалување на зависноста од моменталните пазарни цени и подобро усогласување на производството со реалните потреби на фабриките.Дополнително, тие овозможуваат енергетско балансирање, оптимизација на максималната ангажирана моќност и управување со потрошувачката преку напредни софтверски системи.Целта на настанот беше во склоп со целите на “Форумот Пелагонија Преспа“, а тоа е да се отворат можности за информирање, размена на искуства и воспоставување директна комуникација помеѓу деловните субјекти во интерес на развојот на регионот на Пелагонија.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »