Денес, недела, 22 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен и од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.
Утре, понеделник, 23 ноември, во Битола ќе има врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта повремено силен ветер од западен, а попладне од северен правец. Температурата во Битола до 14 степени.






