Press "Enter" to skip to content

Дождот донесе стотина гранитни коцки од Баирот зад Уредот (фотогалерија)

Битола беше на два наврати попладнево зафатена од силно невреме проследено со дожд, ветер и грмотевици, а според Хидро метеолошкиот завод во Скопје во првиот бран најмногу дожд паднал во Битола и Пелагонија.

И во вториот бран во Битола наврна многу дожд, а улиците на градот беа преполни со вода посебно во пониските делови на градот, кај Уредот, Бела Чешма, Дулието, Ат Пазар.

Низ објективот на фото апаратот направивме фотографии на тие места, но водените реки од Баирот донесоа и гранитни коцки кои ги има по улицата зад Уредот, која возачите на автомобили ја избегнуваат и тешко се поминува по неа.

Фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »