Синоќа, како дел од “Бит Фест“ во Старата битолска чаршија на улицата “Панда Чеснова“ во Битола се одржа фестивал на електронска музика во организација на “Асоцијација 615“.
-По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија, велат од “Асоцијација 615“.
Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, “Сморта“ продолжува да биде одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.
-Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности, велат од “Асоцијација 615“.

“Смотра“ – 10. фестивал на електронска музика, овој пат во Старата чаршија во Битола(фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
- СВР Битола: 19 годишник пријавил физички напад од поголема група деца
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата во 13 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје









