На Платото пред Офицерскиот дом во Битола, концерт одржа македонскиот бенд од Битола, “КОД 369“, во состав: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури).
Публиката имаше можност да се забавува со музиката на КОД 369 во која се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок.
Нивната музичка мисла секогаш се наоѓа на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајки ја свежината, слободата и авангардните идеи на првата категорија и прифатливоста на втората.
Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човекови и книжевни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на индивидуата како двигател кон своето најдобро јас.
[ngg src=”galleries” ids=”1101″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]










