Денес, петок, 12 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, со можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, сабота, 13 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, со можност за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 26 степени.