Денес, вторник, 16 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 31 степен.
Утре, среда, 17 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 31 степен. УВ=8