Утрово започна отстранувањето на гаражите зад “зградата на ЈАТ “ во строгиот центар на Битола, односно на времените објекти, околу педесетина поставени со децении на јавна површина.
На стартот на работите околу отстранувањето на гаражите имаше полициски службеници, а станарите излегоа и се спротивствавуваат зашто, како велат Општината уште не покажала сообраќајно решение и идеен проект што ќе се прави на просторот.
На отстранувањето присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој им вети дека нема да дозволи изградба на катна гаража, нити зграда, туку само партерно уредување на паркингот, а потоа започна отстранувањето на првата лимена гаража.

Започна отстранувањето гаражите кај “зградата на ЈАТ“ во центарот на Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





