Во рамки на континуираните превентивни активности на СВР Битола како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“, денеска (23.08.2022) беше реализирана превентивна активност под мотото– “Слави со срце, не со оружје“ на подрачјето на СВР Битола. Целта на оваа активност е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните.
Пукањето се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). Одделението за превенција при СВР Битола со ваквите активности.