Во попладневните часови, заврши акцијата за остранување на диво поставените гаражи и објекти во просторот зад зградата кај поранешен ЈАТ, во центарот на Битола. Битолските јавни претпријатија на терен деновиве ги отстрануваа објектите и го расчистуваа теренот, подготвувајќи го за натамошно урбано уредување на просторот.Акцијата за отстранување на диво изградените гаражи и објекти во градот и натаму ќе се спроведува од страна на општина Битола. Бидејќи станува збор за многу локации и многу барања од страна на жителите на поголеми населби во градот, да се стави конечно ред со диво изградените гаражи и објекти, се утврдува редоследот на постапување.
Исто како и кај гаражите зад зградата кај поранешен ЈАТ, така и за следната интервенција, јавноста ќе биде известена, а претходно и сопствениците на диво изградените гаражи, со цел да ги отстранат предметите кои што ги чуваат во нив.

Заврши отстранувањето на дивите гаражи зад зградата на ЈАТ, Општина Битола продолжува на други локации
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени