Денес, среда, 24 август, во Битола, времето ќе биде претпладне со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Битола ќе биде до 25 степени.
Утре, четврток, 25 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде до 25 степени.