Press "Enter" to skip to content

Општина Могила со финансиска помош од 3.000 денари за секое прваче

На мој предлог на  градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски и со одлука на Советот на општина Могила обезбедена е финансиска помош од 3.000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.

Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина.

Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети.
More from ВестиMore posts in Вести »