Градежните работи во општина Битола се во полн ек. Градоначалникот Тони Коњановски, изврши увид на инфраструктурните активности на улица “28-ма“, каде што денес се поставуваше нов асфалт, како последна фаза од рехабилитацијата на улицата, во должина од 264 метри. Вредноста на договорот за реализација на овој проект е 1.614.210 денари.
Градоначалникот Коњановски констатираше дека работните активности, предвидени во програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици во Битола, течат со одлична динамика. Досега, завршени се 13 улици, во тек се инфраструктурни активности на 8 улици, а две се во постапка за натамошна реализација.

Се асфалтира улица “28-ма“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
- Епопеја за Јане – Пиринскиот цар за вечност (1)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола





