Деновиве на Универзитетот “Св. Климент Охридски“- Битола, успешно се одржа работилница за развивање на меки вештини. Студентите и младите лица учесници на работилницата се стекнаа со квалификации за подобрување на нивната конкурентност на пазарот на работна сила.
Кариерниот делбеше во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО во соработка со WUS Германија, во рамките на програмата “Career Transition Support Macedonia“. Работилницата претставува прв чекор од програмата за добивање платена практикантска работа. Следува селекција и реализирација на практикантската работа во период од 3 до 6 месеци (октомври 2022-март 2023) со месечен надомест во висина од 250 евра.
Инаку, програмата “Career Transition Support Macedonia“ овозможува подобрување на вештините за аплицирање за работа кои се во полето на интерес на младите лица.