Press "Enter" to skip to content

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен

Ја известуваме јавноста дека од денес попладне, па во наредните два дена Блок 1 на РЕК Битола ќе биде плански исклучен од електроенерегетскиот систем на Република Северна Македонија. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката.

Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК Битола нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите. 

Во меѓувреме, продолжува со работа Блок 2 на РЕК Битола. 

АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови.

More from ВестиMore posts in Вести »