Во хотел “Милениум“ и на Правниот факултет во Битола, деновиве во рамки на проектот АНЕТРЕЦ „Академска мрежа за поддршка на политиките на ЕУ кон Западен Балкан со акцент на регионалната соработка базирана на помирување“ Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола организира Летна школа.
На оваа Летна школа учествуваа студенти и професори од 10 универзитети и истражувачки институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.
Целта на оваа школа е младите луѓе да ги споделат своите искуства, знаења, идеи за прашања поврзани со процесот на помирување како еден од предусловите за ефикасна реализација на политиките на ЕУ кон Западен Балкан, како и за задржување на мирот , стабилноста и напредокот во регионот.

Правниот факултет организира летна школа за студенти и професори од 10 универзитети (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
- Епопеја за Јане – Пиринскиот цар за вечност (1)





