Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 912 тестови, а регистрирани се 134 нови случаи на Ковид-19, од Битола се 13.
Регистрирани сe 144 оздравени пациенти од Битола се 8.
До сега во Битола има 17.833 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 105 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, нема од Битола.
Направени се во Битола 31 тестови, преку ЦЈЗ Битола 26 и преку “Плодност“ 5.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.983 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.261, бројот на оздравени пациенти е 330.472, на починати е 9.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.287.