Со одлука на Извршниот комитет каде што се донесе одлука граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум, денес во Битола започна собирањето на потписи.
-Оваа и наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието. Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата, по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум, стои во соопштението на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а за референдумското прашање стои:
-Референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?
Во Битола започна собирањето на потписи, а први се потпишаа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски и претеничките во македонскиот парламент Олга Лозановска и Силвана Ангелевска.

ВМРО-ДПМНЕ го започна собирањето на потписи за распишување на референдум
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“
- Епопеја за Јане – Пиринскиот цар за вечност (1)





