Денеска (28.10.2022), полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица Битола при СВР Битола во соработка со Државен пазарен инспекторат – Битола извршија контрола во пет складови на физички лица кои вршат дејност – откуп на секундарни суровини-отпад.
При проверките во склад од Битола било утврдено дека не поседува дозвола за вршење на дејност, нема никаква документација, не води книговодствена евиденција за откуп и продажба на отпад.
Против лицето е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.