Press "Enter" to skip to content

Претседателката на МНД Битола, вонр. проф. д-р Невена Груевска за програмата за наредните две години и утрешната изложба на книги (фото)

Новоизбраното раководство на МНД-Битола, претседателката вонр.проф. д-р Невена Груевска и потпретседателот м-р Николче Трајчески,ја одржаа првата прес конференција во нивните простории во Библиотеката во Битола ја образложат  Програмата за работа на МНД –Битола во мандатниот период 2022-2024 година со својот ресурсен потенцијал, а зборуваа и за претстојниот настан „Изложба на книги чии автори се членови на МНД-Битола“, кој се организира по повод 10 ноември – Светскиот ден на науката. 

Претседателката вонр.проф. д-р Невена Груевска во однос на утрешниот настан на почетокот рече:-Светскиот ден на науката, 10 Ноември оваа година ќе го одбележиме, со Изложба на книги чии автори се членови на МНД-Битола. Како соработници на овај настан се приклуччија и УКЛО –Битола преку Студентскиот информативен центар кој ќе биде отворен во текот на утрешниот ден. Од страна на студентите најавено е внесување на изложените книги од овај наш настан во е база на книги, што ќе го олесни пристапот до делата. Изложбата ќе биде отворена утревечер во фоајето на НУУБ ,,Св. Климент Охридски″, со почеток во18 часот. На изложбата свое кратко обраќање покрај мене како претседател на МНД ќе имаат  и проф. д-р Јасмина Буневска Талевска проректор за студентски работи при УКЛО Битола и м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ ,,Св. Климент Охридски″ Битола, а потоа продолжи со програмата за работа за наредниот период од две години:

-Програмата која е предвидена да се реализира со работа на  МНД-Битола во наредниот две годишен период ќе се темели врз активно учество на веќе потврден ресурсен потенцијал кој произлегува од сегашната генерација членови  а секако се надоградува на вредностите кои беа поставени од првата генерација активисти во 1960 година.  Во период кога зад нас ја оставаме кризата со Ковид-19, која целосно го промени начинот на живот на светско ниво, а соочени со друга неповолна состојба (енергетска криза) повторно, ние членовите на МНД-Битола и во овој период,  во функција на заедницата ќе ги ставиме нашето знаење, можности и практични активности притоа остварувајќи соработка со секој поединец или колектив кој е насочен кон остварување на повисоки цели на денешното живеење. За програмски активности Груевска рече:

-Поддршка на секој член и создавање услови за креативен ангажман во одделенијата и центрите за апликативна дејност на МНД-Битола. Поттикнување на Форуми со интерактивен пристап на стручната и општата јавност. Организација и коорганизација на стручно-научни конференции и собири. Партиципација во програмите за образование и култура на општините од регионот. Учество во организирање на настани од ликовната и музичката уметност како: музички концерти, рецитали, ликовни изложби, поетски читања, притоа давајќи им предност на младите виртуози за нивен напредок и развој.  Конференција на тема „Долгорочни насоки за развој на енергетската ефикасност иподобрување на животната средина – можности за приближување до европските регулативи и препреки“. Промоции на книги и други публикувани изданија. Како дел од програмските активности  и како новина во функционирањето на МНД- Битола предвидено е  да се формира Академски Совет во кој членовите ќе имаат советодавна улога. Советот е консултативно тело во кое ќе членуваат исклучиво членови на МНД и тоа поранешни претседатели на МНД- Битола, членови на МАНУ, ректори или проректори, декани и продекани.За издавачка дејност додаде:

-Како и во изминатиот период, така и понатаму како прва и основна задача во сферата на Издавачката дејност е продолжување на заштита на македонскиот литературен јазик, лекторирање и издавање на книги согласно Правилникот за издавачка дејност во МНД-Битола.  Во периодот 2022-2024 година, МНД-Битола ќе продолжи со издавање на стручно-научно списание „Прилози“ чиј континуитет не смее да биде прекинат, издавање на списанието „Современи дијалози“ кое веќе навлегува во втора декада од своето прво појавување и секако  задржување на високата референца во фелата, соработка со издавачката дејност на МАНУ, соработка со Академиите на науките и уметносите во регионот, мотивирање на членството да издава авторски книги и публицирање на трудови од научно-стручни собири организирани од МНД-Битола или во коорганизација со други инстуции и организации. 

More from ВестиMore posts in Вести »