Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, за време на посетата во Битола, денес оствари средба со новото раководство на УКЛО – Битола на чело со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.
Во текот на средбата, aмбасадорот Бомгартнер придружуван од Иго Бештел директор на ИФС, аташето за култура Бранко Чобанов и почесниот конзул, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, со домаќините од УКЛО ги потврдија добрите релации меѓу Амбасадата и Универзитетот.
Во фокусот на разговорите опфатена е академската соработка поврзана со членството на УКЛО во универзитетската мрежа АУФ, можностите од Еразмус+ програмата меѓу кои и најновата фаранцуска иницијатива за Универзитетски алијанси, силно поддржана од Европската унија.
На средбата стана збор и за позитивната соработка на УКЛО со француските институции и во тие рамки можностите за афирмација на франкофонијата и изучувањето на францускиот јазик на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Инаку, Амбасадорот Сирил Бомгартнер втор пат е гостин на УКЛО и ова е негова прва средба со новиот менаџмент на Универзитетот.

Францускиот амбасадор во посета на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес 17. седница на Советот на Општина Битола, на дневер ред 38 точки
- Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир





