Вработените се најголемото богатство за една компанија! Затоа “Евротип“, “Голд Слот“, “Голд Фелициа“ и “КС Сервис“ како опшествено одговорни фирми кои се грижат за нивните вработени, спроведоа едукативно предавање кое се одржа на две теми: Канцер на дојка и Канцер на матка.Предавањето се одржа во “Голд Фелиција“, каде што професорите проф. д-р Горан Димитров, проф. Д-р. Нино Васев и проф. д-р. Гордана Ристевска – Димитровска, кои се врвни експерти на бројната публика им дадоа едукација и препораки за зачувување на женското здравје.
Професорите д-р Горан Димитров, проф. д-р. Нино Васев посочија кои се првите се знаци и симптоми на канцер, како до рано откривање, превенција и стадиуми на канцер.
Проф. д-р.Гордана Ристевска – Димитровска зборуваше за психолошкото здравје на личноста како многу важен сегмент за тоа како да се преживее и живее со канцер, и како да се справат психички сите кои се соочуваат со ваков проблем.
Беше изработена и посебена брошура со информации кои што секоја жена треба да ги знае, за тоа како се прави самопреглед за рано откивање на ракот на дојка. Во прилог имаше месечен календар за евиденција на самопреглед на градите со цел да се поттикне иницијатива жената да биде подговорна и да ја зголеми самосвеста за сопственото здравје.
Тројцата експерти донесоа едносгласен заклучок дека клучно е да се прават редовни прегледи, најмалку еднаш годишно, бидејќи раното откривање и следење на промените може да спасат живот.
Затоа и препораката гласи: Грижете се навремено за вашето здравје затоа што живот значи.
Вработените беа многу задоволни и посочија дека добро е кога работодавачот се грижи за нивното здравје.
Елена Трајчевска – како главен организатор на овој едукативен настан посочи:
-Ние не застануваме тука, така што крајот на месец Ноември ќе го заокружиме со едукативно предавање за мажите (Мовембер). Ние сме компанија која што секогаш ќе се грижи за здравјето на своите вработени и тука сме секогаш да организираме настани од ваков тип со цел да ја зголемиме свесноста за здравјето на нашите вработени.

Ноември – месец на едукација за женското и машкото здравје (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени